По Бутел, кој последниот сезонски натпревар наместо на домашен ќе го одигра на гостински терен кај ноивот шампион Вардар, и Тиквеш ќе направи џентлменски потег во Супр лигата и ќе му излезе во пресрет на Охрид.
Во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф, наместо во Кавадарци, дуелот меѓу Тиквеш и „гладијаторите“ ќе се одигра утре (26 мај) во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 17:00 часот.
Ваквата промена доаѓа поради европските обврски на Охрид, кој во недела го очекува реваншот од финалето против Татабања во Европскиот Куп.
Избраниците на Борис Ројевиќ во првиот натпревар во Унгарија славеа со 29:28 и ќе влезат во реваншот со гол предност.
По утрешниот суперлигашки предизвик, охриѓани ќе имаат четири дена за целосна подготовка за најважниот натпревар во историјата на клубот.