Супер лигата останува без една од најдобрите: Зечевиќ се сели во Словачка

185

Една од странските ракометарки која остави силен впечаток во последните сезони во Супер лигата е интернационалката од Црна Гора, Сузана Зечевиќ, која одлучи дека ѝ е потребен поинаков предизвик од сегашниот во Македонија.

Црногорката по пет сезони минати во Супер лигата, настапувајќи за Куманово, Металург Автокоманда и Спартак, ќе се пресели во Словачка и таму ќе го носи дресот на најтрофејниот тамошен клуб – Слован Дусло.

Зечевиќ е ракометарка која може да одигра на сите бековски позиции, а на годинешниот Ф4 турнир од Купот во Струмица, на кој Спартак стигна до финалето, беше прогласена за најдобар стрелец.

Со тимот на Куманово, во кој настапуваше до сезона 2023/24, стигна до трофејот во Купот во 2023 година, кога во финалето во Охрид беше совладан Вардар.

На репрезентативно ниво ги мина сите младински селекции на Црна Гора.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT