Во Битола ќе се бие битка за вицешампионското место кај младинците

83

На 1 јуни ќе се одиграат последните два натпревари во младинската конкуренција, а во Битола ќе биде решено кој ќе го освои вицешампионското место.

Старо-нов шампион кај младинците е Мулти Есенс, додека за второто место меѓусебна пресметка во последното коло ќе имаат Еурофарм Пелистер 2 и Бутел Скопје.

Овие две екипи имаат по 36 бода, исто колку што има и Пролет, но новиот кадетски шампион веќе ги одигра сите свои натпревари.

Дуелот меѓу битолскиот и скопскиот тим е закажан за 17:30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“.

Во истиот ден, со натпревар од 18:30 часот, во Автокоманда сезоната ќе ја затворат Алкалоид и Куманово.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT