Во знак на сеќавање: На 5 и 6 септември во Делчево ќе се игра за Андреа Ампова

63

Ракометниот клуб Делчево и оваа година ќе го организира меморијалниот меѓународен турнир „Андреа Ампова“, кој ќе се одржи на 5 и 6 септември во спортската сала „М.М. Брицо“ во Делчево.

Турнирот, кој годинава ќе го има своето второто меѓународно издание, е посветен на споменот на младата Андреа Ампова, девојче кое неизмерно го сакаше ракометот и прерано го напушти овој свет.

На дводневниот турнир ќе настапат екипи од Македонија, како и гости од Србија, кои преку спортот, дружењето и фер-плејот ќе оддадат почит на Андреа и ќе испратат порака за заедништво и хуманост.

Во рамките на настанот ќе се одигра и ревијален натпревар на поранешните ракометарки на РК Делчево, кои повторно ќе се соберат на теренот во чест на Андреа и во знак на поддршка на вредностите што ги промовира спортот.

Организаторот ги повикува сите љубители на ракометот, спортските работници и граѓаните да бидат дел од овој настан и заедно да го зачуваат споменот на Андреа Ампова преку ракометот, пријателството и хуманоста.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT