Хаос во БиХ: Младинската репрезентација нема да настапи на континенталниот собир

121

Машката младинска репрезентација на БиХ најверојатно нема да настапи на Европското првенство за ракометари до 20 години, кое следниот месец ќе се одржи во Романија, а на кое ќе настапи и репрезентацијата на Македонија.

Како што пренесуваат босанските медиуми, рокот за уплата на средствата потребни за учество на континенталниот младински собир е истечен, а Ракометниот сојуз на БиХ не успеал навреме да обезбеди финансии за настап на младите ракометари.

БиХ настапот на Европското младинско првенство го обезбеди со освојувањето на трофејот на ЕХФ шампионатот за кадети во Словачка во 2024 година. Со освоеното прво место, младите ракометари на БиХ изборија директен пласман на ЕП во Романија.

Еден од лидерите на оваа генерација на БиХ е членот на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ. Средниот бек важеше за еден од ракометарите кои требаше да бидат во фокусот на европската ракометна јавност на претстојниот континентален собир.

Претседателот на Ракометниот сојуз на БиХ, Дарио Пушиќ, потврдил дека ситуацијата е исклучително тешка и дека обидот за одржување седница на Управниот одбор пропаднал поради немање кворум. Според него, дури и да била одржана седницата, тешко дека ќе можело да се најде решение во толку краток рок.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT