Прва радост за Водно Санс, Црн Дрим ги запре Ангели

207

Викендов се одигра 4. коло во Втората кошаркарска лига, а екипата на Водно Санс дојде до првата сезонска победа, откако на свој терен триумфираше над Мега баскет од Прилеп со 95:82. Иако домаќините во еден момент беа на -18, сепак, одиграа крајно дисциплинирано во последните две четвртини и успеаја да дојдат до посакуваната цел. По четвртини (24:27, 14:23, 27:18, 30:14). Ова покажува дека домашниот тим се препороди во второто полувреме, во кое целосно ги запре прилепчани.

ФОТО: Водно Санс

За тимот од Прилеп ова беше втор пораз, по оној од Соколи во Штип. Мега баскет за неочекуваниот пораз ќе бара рехабилитација во следното, 5. коло кога на свој терен ќе го пречека вториот тим на Работнички. Водно Санс втората победа ќе ја бара во Велес кај Борец баскет.

Црн Дрим од Струга им го нанесе првиот пораз на Ангели, во драматичен натпревар триумфираше со 79:74, па така сега во второлигашката конкуренција нема екипа без пораз. Шабани постигна 22, Камиловски имаше 18, а Ѓоровиќ уште 17 поени за домашната екипа, која ја запиша третата победа во четирите досега одиграни натпревари. Кај Ангели, Стојановски беше стрелец на 21 поен, Атанасов даде 13, а Балов реализираше уште 12 поени.

На победа во 4. коло се радуваа уште Бутел, Маџари, Соколи и Борец Баскет.

Втора лига, 4. коло, резултати
Работнички – Бутел  88-90
Академија ФМП – Маџари  58-94
Црн Дрим – Ангели  79-74
Соколи 1933 – Охрид   95-63
Партизан Водно Санс – Мега баскет  95-82
МЗТ Скопје Уни Банка – Борец баскет  75-78  

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе