Печурица си замина од Кавадарци и се враќа во својата татковина

209

Црногорскиот голман Василије Печурица, откако мина една сезона во Тиквеш, во следната сезона ќе има нов предизвик, пренесува „Handbalia“.

Клубот од Кавадарци и интернационалецот од Црна Гора не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката, па така секој ќе продолжи по својот пат.

Печурица одлучи да се врати во татковината, каде што ќе го брани голот на амбициозниот тим Будванска Ривиера. Младиот голман беше еден од најзаслужните за пласманот на Тиквеш во плеј-офот, уште еднаш потврдувајќи ги своите квалитети меѓу стативите.

Во Македонија пристигна во вториот дел од сезона 2021/22, кога го засили составот на Струга. Потоа направи трансфер во Еурофарм Пелистер, најпрво настапуваше за вториот тим, а во сезона 2024/25 беше прекомандуван во првиот тим.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT