Кадетите на Куманово со фуриозен старт, на три натпревари постигна 111 гола!

631

Кадетите на Куманово продолжуваат победнички во својата конкуренција, во 3. коло од кадетската лига славеа на гостувањето против Алкалоид со 20 гола разлика, 37:17. Сега младите надежи на Куманово имаат „три од три“ во својата група. Куманово во првите две кола, против Текстилец и Младост, исто така, одигра фуриозно (34:17, 40:18).

Избраниците на Аце Станковски за ривали во групата А ги имаат уште екипите на Еурофарм Пелистер, Бисинов, Вардар Неготино, Овче Поле, Македонија ЃП и Вардар. Резултатите постигнати на првите три натпревари покажуваат дека Куманово е решен оваа сезона да игра на Ф4 турнирот.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе