Ристовски: Нема веќе спортски ликови на рекламите за ,,игри на среќа”

108

Министерот за спорт на Македонија, Борко Ристовски, во заемен договор со Државната видеолотарија на Македонија постигнаа спогодба за исклучување на спортистите од промотивните кампањи за компаниите кои опфаќаат ,,игри на среќа”.

,,Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија. Oвој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка. Важно е сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството. Чекор кон подобра и поодговорна иднина за спортот во Македонија”, напиша Ристовски на социјалите мрежи.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе