Сара Миновска пред интернационален трансфер

414

Левото крило Сара Миновска во претстојната сезона би можела да го направи својот прв интернационален трансфер, откако на нејзина адреса пристигнаа неколку понуди од странски клубови.

Брзоногата ракометарка, која може подеднакво да одговори во два правци и се истканува со својот голем борбен дух, најверојатно ќе ја избере Словачка како своја прва интернационална дестинација, дознава Спортска Димензија.

Миновска вториот дел од минатата сезона го мина во редовите на Чаир, каде што пристигна од Металург Автокоманда. Претходно го носеше и дресот на некогашниот шампион на Македонија, Вардар, каде што важеше за една од најперспективните домашни ракометарки на својата позиција.

На репрезентативно ниво има забележано настапи за младинската и сениорската селекција на Македонија. Посебно се истакна на ЕХФ шампионатот во Скопје во 2021 година, кога беше избрана за најдобро лево крило на турнирот, што беше потврда за нејзиниот голем потенцијал и квалитет.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT