Танески со јасна цел пред „Миле Нешкоски“: Сакам да видам до каде е целиот ростер

156

Ракометарите на Прилеп влегуваат во четвртата недела од подготовките за новата сезона, а по настапот на турнирот во Струга, каде што го освоија третото место, тимот ќе има нова можност за проверка на формата на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, на кој прилепчани се домаќини.

Прилепчани во Струга одиграа три натпревари, претходно тестираа со Алкалоид, а тренерот Наум Танески е задоволен од прикажаното и смета дека турнирот во Прилеп ќе биде одлична можност да се провери комплетниот ростер.

Целта, како што истакнува Танески, нема да биде резултатот по секоја цена, туку воигрување на екипата и давање шанса на ракометарите кои досега имаа помала минутажа.

„Четврта недела од почетокот на подготовките, одигравме добар турнир во Струга. Четири натпревари, првиот натпревар ни беше во Маврово со Алкалоид, па продолживме со Вардар и на крај завршивме со Бутел и со домаќинот Струга. Турнирот во Струга го завршивме на трето место позади Охрид и Вардар и се претставивме во едно добро светло таму. Овој турнир во Прилеп ќе ни послужи да видиме точно цел ростер до каде може и на кои играчи да сметаме до крај. Целта е воигрување на екипата и да дадеме шанса на некои играчи што играат помалку, односно имаат помалку минутажа,“ вели Танески.

На меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ покрај домаќинот Прилеп ќе настапат и Еурофарм Пелистер 2, Бутел, Мулти Есенс, Тиквеш и Младост Богданци.

„Тука во Прилеп ќе играат доста квалитетни екипи што завршија лани од петто до осмо место, тука е Бутел, тука е Тиквеш – екипи што играат и изборија место во Европа и играа во плеј-офот минатата сезона. Исто така ние и Еурофарм Пелистер 2 завршивме позади нив. И тука се две интересни екипи – Мулти Есенс, која е составена од младински и кадетски репрезентативци, игра многу брз ракомет и има доста квалитет, и Младост Богданци, која доста се засили за оваа сезона, исто влезе од Првата лига. Ви кажав, целта не е по секоја цена да се форсира и да се оди на сè или ништо. Мора да дадеме шанса и на некои играчи што немаа минутажа и мислам дека ќе одиграме добар турнир“, изјави Танески.

Распоредот на натпреварите можете да го проследите на текстот во продолжение…

Над 20 младински репрезентативци доаѓаат во Прилеп

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT