Најдобриот стрелец од кадетите се пресели во Вардар

169

Најдобриот стрелец од минатата сезона во кадетската ракометна лига, бекот Никола Кузевски, во новата сезона ќе настапува за младинските категории на Вардар.

Кузевски, кој имаше импресивна сезона во дресот на Македонија Ѓорче Петров во кадетската лига, одлучи да продолжи да се развива во „црвено-црниот“ дрес.

Минатата сезона, на 14 натпревари, колку што одигра Македонија Ѓорче Петров, Кузевски постигна дури 166 погодоци, што значи дека во просек постигнувал по 11.86 гола по натпревар.

Интересно е што уште по само осум натпревари стигна до бројката од 100 погодоци, со што уште тогаш ја потврди својата голгетерска доминација во кадетската конкуренција.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе