ЖРК Пелистер добива силен ветер во грб: Ќе има ракометна платформа со Општина Битола

1

На првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе се најде договорот, односно ракометната платформа меѓу Општина Битола и Женскиот ракометен клуб Пелистер 2012 Битола.

Цел на оваа платформа е поддршка на активностите, развојот и промоцијата на спортот-ракометот кај женската популација во Општина Битола.

Договорот кој ќе биде разгледуван на седница на Советот на Општина Битола не значи и не претставува основ за промена во капиталната структура, припојување, преземање, поделба или било каква друга статусна промена на клубот.

Ова денеска беше дискутирано на средбата на градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски со првите луѓе на клубот и ракометарките.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе