Биков со 14 гола го предводеше Тиквеш до победа во Скопје – 2. коло кај пионерите без неизвесност

16

Овој викенд се одиграа натпреварите од 2. коло во пионерската машка лига. Според резултатите, на ниту еден од натпреварите немаше неизвесност.

Ракометарите на Тиквеш на гостувањето во Скопје кај Пролет триумфираа со 30:22, за прв сезонски триумф. Кавадарчани во своите редови го имаа расположениот Никола Биков со 14 погодоци, додека кај домаќините блескаше Филип Коцев со дури 16 реализации, кои сепак беа недоволни барем за бод.

Во групата А, засега Еурофарм Пелистер 2, Струга и Македонија Ѓорче Петров немаат загубено бод, како и Прилеп, кој беше слободен во 2. коло.

Резултати од 2. коло во продолжение..

Група А
Пролет – Тиквеш  22:30 (13:14)
Коцев 16/Биков 14
Струга – Бутел 29:14 (12:6)
Борјан Домазетоски 11/Стефан Котевски 4, Горазд Алексовски 4
Еурофарм Пелистер 2 – Охрид 29:13 (11:6)
Новак Вељановски 7/Горазд Сиљаноски 10  
Македонија ЃП – Еурофарм Пелистер 31:18 (17:6)
Владимир Иванов 7, Димитар Трајковски 7/Иво Михаиловски 7
Прилеп – слоб.

ТАБЕЛА

Во групата Б немаше многу неизвесност на натпреварите, а засега „два од два“ имаат Младост, Гемиџии и Алкалоид.

Младост, предводен од Матеј Митев и Антонио Каракабаков, триумфираше на свој терен против Куманово, а во претходното коло тимот предводен од Далибор Лукиќ и Никола Роглев имаше повеќе од успешен настап кај дебитантот од Радовиш, Феникс.

И Гемиџии засега игра според планираното и по две кола има две победи. Пред својата публика, велешани го надиграа Илинден Вардар со 34:20. Домашниот тим го предводеа Андреј Јакимовски и Даријан Бобевски, кои постигнаа по седум погодоци. Во првото коло, велешкиот тим, предводен од Сашко Радевски и Никола Василев, триумфираше на гостувањето во Автокоманда кај Мулти Есенс.

Две победи има и Алкалоид, кој во 2. коло славеше над новиот ракометен клуб Либра.

ГРУПА Б
Младост – Куманово 24:11 (12:6)
Матеј Митев 12, Антонио Каркабаков 7/Петар Попов 4
Мулти Есенс – Феникс 32:4 (17:1)
Горјан Петрушевски 7/Стојан Кончалов 3
Гемиџии – Илинден Вардар 34:20 (19:16)
Андреј Јакимовски 7, Даријан Бобевски 7/Лука Маџовски 8
Алкалоид – Либра 42:3
Радовиш – Вардар 15:21 (7:10)
Јован Ѓоргиев 5/Михаил Јовчески 6, Војдан Ѓорѓиевски 6

ТАБЕЛА

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе