Тиквеш имаше напад за реми, но Алкалоид славеше на крајот!

14

Малку недостасуваше кавадаречки Тиквеш да приреди изненадување во домашната ракометна Супер лига и да му ја сопре перфектната серија на Алкалоид. Во натпревар со два сосема различни дела, тимот на Лазаров на крајот сепак се радуваше на минимален триумф од 31-30.

Работите на теренот долго време одеа во корист на домаќините. Алкалоид уште од самиот старт го наметна својот ритам, заминувајќи на пауза со предност од три гола (18-15), а меѓу стрелците во првиот дел се запиша и голманот, кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Николовски.

При водство на Алкалоид од 28-23 на десет минути пред крајот, сè укажуваше на рутинско одработување во последниот дел, но гостите од Кавадарци се погрижија за вистинска драма, израмнувајќи на 30-30.

Искусниот Никола Костески погоди за 31-30, резултат со кој и заврши натпреварот. Алкалоид успеа да се одбрани во последниот напад, односно имаше и повеќе среќа, бидејќи ударот на Тоше Ончев во последните секунди можеше лесно да заврши во мрежата на Галевски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе