Како што заврши, така продолжи во новата сезона: Ракиќ со 12 гола во 1. коло

193

Најдобриот стрелец од минатата сезона во пионерската женска лига, талентираната Катарина Ракиќ, продолжи со истото голгетерско темпо и во новата сезона.

Ракиќ минатата сезона ја заврши со импресивни 137 погодоци на 20 одиграни натпревари, а уште на стартот на новата сезона покажа дека и понатаму ќе биде сериозна закана за екипите.

Во натпреварот од 1. коло кај пионерките, тимот на Спартак, во кој настапува Ракиќ, беше убедлив против Јехона и триумфираше со 23:5.

Младата ракометарка натпреварот го заврши со 12 погодоци, односно постигна повеќе од половина од головите на својот тим, што е одлична увертира за новата сезона.

Членката на Спартак е генерација 2014 и со вакви настапи повторно се наметнува како една од ракометарките кои треба да се следат во пионерската лига.

Во оваа сезона кај пионерките настапуваат 11 екипи, освен Спартак, свој пионерски тим имаат и Ѓорче Петров, Астибо, Струга, Вардар, Чаир, Јехона, Илинден Вардар, Шампион, Кале Кичево и Охрид. 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе