Младиот Охрид по стапките на сениорите: Славеше против Алкалоид!

325

Во натпревар од 5. коло од младинската лига, тимот на Охрид славеше на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид со 41:36 (19:14), со што забележа мал напредок на табелата. Со втората сезонска победа, охриѓани стигнаа до четири бода, а свое шоу на денешниот натпревар имаше Матеј Крстески.

Победничката екипа во офанзивата беше предводена од Христијан Софкоски, кој постигна 12 гола (сите од игра), како и од Матео Сиљаноски со десет успешни реализации, исто така сите од игра. Двајцата поддршка имаа од Тане Јанчески и Антонио Бошковски, кои постигнаа по пет гола, како и од Илија Трајчески со три погодоци.

Во домашниот табор се истакна Борјан Црцаревски со 13 погодоци, но неговиот одличен учинок не беше доволен Алкалоид да избегне пораз. Неверојатна партија на голот на Охрид имаше Матеј Крстески, кој натпреварот го заврши со дури 29 одбранети удари.

Избраниците на Александра Џамтоска речиси во текот на целиот натпревар ја контролираа играта и резултатот. Домаќините во неколку наврати се заканија дека можат да се вратат во игра, но гостите успеаја да ја зачуваат предноста и на крајот да се радуваат на победата.

Во саботата, сениорскиот тим на Охрид на домашен терен успеа да слави против Алкалоид, па така, охриѓани остварија двојна победа над истиот ривал на сениорско и младинско ниво.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе