Андреј Дамчевски најдобар стрелец кај младинците по пет кола

81

По пет одиграни кола во младинската лига, членот на Еурофарм Пелистер 2, Андреј Дамчевски, ја предводи листата на стрелците во оваа категорија.

Дамчевски на пет натпревари постигна 38 погодоци, односно во просек по 7,6 гола на натпревар. Младиот ракометар на „двојката“ во 5. коло, против Илинден, беше најефикасен на натпреварот со 14 погодоци.

Десното крило ја продолжува одличната форма од минатата сезона, во која беше меѓу најконстантните играчи во младинската лига. Сезоната ја заврши со 139 постигнати погодоци во младинската конкуренција, а имаше и 63 реализации во кадетската лига.

Втор на листата на стрелците е Михаил Арсиќ од Алкалоид со 36 погодоци, додека Матео Силјаноски од Охрид и Стефан Василевски од Еурофарм Пелистер 2 имаат по 34. По нив следуваат Илија Трајчески од Охрид и Матео Костоски од Мулти Есенс со по 30 погодоци, додека Лука Јовиќ од Бутел и Милан Стојевски од Илинден досега запишаа по 29 реализации.

МЛАДИНСКА ЛИГА, НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ПО ПЕТ КОЛА:

Андреј Дамчевски (Еурофарм Пелистер 2) – 38
Михаил Арсиќ (Алкалоид ) – 36
Матео Силјаноски (Охрид) – 34
Стефан Василевски (Еурофарм Пелистер 2) – 34
Илија Трајчески (Охрид) – 30
Матео Костоски (Мулти Есенс) – 30
Лука Јовиќ (Бутел) – 29
Милан Стојевски (Илинден) – 29
Давор Крстески (Вардар) – 28
Борјан Црцаревски (Алкалоид) – 28
Тане Јанчески (Охрид) – 27
Давор Мечкароски (Вардар) – 27
Тео Радуловиќ (Вардар) – 26
Стефан Лазаревски (Еурофарм Пелистер 2) – 26
Христијан Софкоски (Охрид) – 25

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе