Повик за кавадаречкиот бисер: Марио Ѓорѓиев ќе игра за Македонија на турнирот во Црна Гора

1.176

Селекторот на машката пионерска репрезентација на Македонија, Никола Матлиески, денеска го објави списокот на играчи за ЕХФ неделата, во која нашите надежи ќе играат против Црна Гора и Косово во рамките од Регионалната лига.

За оваа акција, Матлиески одлучи да повика 16 играчи од Југозападниот регион, а меѓу повиканите има и еден член на Тиквеш. Станува збор за Марио Ѓорѓиев (генерација 2010), кој е меѓу подобрите играчи во кадетската лига.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе