Пелагонискиот двобој меѓу двете последнопласирани екипи на табелата од Женската лига меѓу Пелистер и Деспина од Прилеп, го добија битолчанки, кои триумфираа со три гола разлика, 28:25.
За екипата на Деспина, 17 од вкупно 25-те погодоци ги постигнаа искусните Ана Марковиќ (9) и Мери Гичева (8), додека кај Пелистер се истакна Сара Котевска, која натпреварот го заврши со девет погодоци, a ja следеа Ана Стојчевска со шест и Еџе Сејадин со пет реализации.
Во најголемиот дел од натпреварот се играше гол за гол, на моменти двете екипи се менуваа во водство, додека на полувреме резултатот беше 15:12 во корист за гостинките. Пелистер клучната разлика ја направи во периодот од 48-та до 52-та минута. Во тој период, од негатива од 20:21, стигнаа до водство од 24:21 (три гола на Сејадин и еден на Котевска), по што прилепчанки не успеаја да го направат финишот понеизвесен.
Денешниот триумф за Пелистер беше прв во новата натпреварувачка сезона, а првиот меѓусебен дуел меѓу двете екипи заврши без победник. Сега, по осум натпревари, тимот на Пелистер има три бода на табелата, додека Деспина останува на последното место со еден бод.