Четврта радост за кадетите на Младост

107

Кадетскиот тим на Младост, по поразот во минатото коло од Македонија ЃП, дојде до четвртата сезонска победа, откако на домашен терен славеше над Куманово со 31:27.

На полувреме резултатот беше нерешен, 17:17, но избраниците на Далибор Лукиќ и Никола Роглев одиграа подобро во вторите 30 минути. Домашниот тим во вториот дел ја презеде контролата врз резултатот, постојано беше во предност и заслужено се радуваше на победата.

Пионерскиот репрезентативец и член на Младост, Стојан Иванџиков беше, најефикасен на натпреварот со 12 гола, додека Матеј Митев постигна девет. Во гостинскиот состав најрасположен беше Михаел Милановски со десет погодоци.

Со оваа победа Младост стигна до девет бода во групата Б и се наоѓа на петтото место на табелата. Кадетскиот тим на Куманово останува на делба на третата позиција со Македонија ЃП, двете екипи имаат по десет бода на свое конто.

На првиот меѓусебен дуел сезонава, Куманово славеше со 39:33.

 

Кадетска машка лига, 10. коло, резултати и најдобри стрелци од секој тим:

Група А
Прилеп – Алкалоид 29:34 (14:15)
Вања Ѓорѓиоски 10, Бојан Наскоски 9/Мартин Грашески 11
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 25:26 (13:13)
Зоран Булуков 7/Новак Вељановски 10
Струга – Пролет 23:23 (13:8)
Горазд Ојлески 7/Филип Коцев 12 
Преспа – Еурофарм Пелистер 29:40 (18:18)
Виктор Ѓорѓиевски 18/Филип Чокузовски 8

Група Б
Текстилец – Македонија ЃП 17:34 (10:14)
Димитар Алексовски 5/Теодор Гиевски 13
Младост – Куманово 31:27 (17:17)
Стојан Иванџиков 12, Матеј Митев 9/Михаел Милановски 10
Гемиџии – Мулти Есенс 36:44 (22:22)
Андреј Јакимовски 11/Максим Тотиќ 14
Вардар – слоб.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе