Македонија со три голманки, два пикери…оди на ЕП во Дебрецин

489

Женската сениорска репрезентација на Македонија ја одработува последната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство 2024,  кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

Во Дебрецин ќе патуваат 19 ракометарки, а селекторот Кристијан Грчевски нема да може да смета на повредените, искусниот кружен напаѓач Ивана Гакидова и универзалниот бек Борјана Коцева. Поради тоа, на позицијата кружен напаѓач на располагање ќе бидат само Ивана Џатевска (Сомбатељ) и Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров).

Состав на Македонија за ЕП:
Матеа Чурлиновска, Драгана Петковска, Јована Мицевска, Сара Ристовска, Ивана Арсениевска, Ивана Џатевска, Симона Маџовска, Бојана Диневска, Јована Саздовска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Елена Ѓорѓиевска, Сара Стефаноска, Теодора Дукоска, Марија Јанкуловска, Катерина Дамјановска и Нена Нестороска.

Европското првенство ќе стартува на 28 ноември, првиот натпревар нашата репрезентација ќе го одигра на стартот против Шведска, два дена подоцна, односно на 30 ноември, избраничките на Грчевски ќе ги одмерат силите со Турција, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го имаат со домаќинот (Унгарија) на 2 декември.

Пред ЕП, Македонија ќе одигра контролни дуели против Србија и Хрватска, репрезентации кои исто така ќе учествуваат на континенталниот собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе