Овче Поле СУ заминува на пауза како ЛИДЕР кај прволигашите

243

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет последното коло за календарската 2026 година го заокружија со победа, откако на гостувањето во Скопје славеа кај младиот тим на Шампион со 40:21 (20:9)

Со денешните два бода, клубот од Свети Николе го завршува првиот дел од сезоната на првото место на табелата, со биланс од седум победи и едно реми, она на гостински терен кај Гевгелија Југ.

Поранешниот суперлигаш останува на лидерското место и сега има 15 бода, два повеќе од Гевгелија Југ, која во 9. коло беше подобра од Струга со 38:31.

Гостинската екипа беше предводена од Анастасија Сентовска, која постигна 18 погодоци, додека во домашниот табор пет ракометарки имаа по четири реализации (Евгенија Бошковска, Бојана Божиновска, Христина Трајанова, Миа Петровска и Ана Ристевска).

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе