На програмата од 12. коло од Супер ракометната лига ќе се одигра дербито во Битола, каде што Еурофарм Пелистер ќе го пречека Охрид.
Првата меѓусебна пресметка меѓу двете екипи заврши без победник, 28:28, и на денешното соочување во спортската сала „Боро Чурлевски“ исто така се очекуваат возбудувања и голема борба.
Натпреварот, кој ќе го судат Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, започнува од 18:00 часот, а може да го проследите на линкот во продолжение, како и на МРТ 3 каналот, односно ОВДЕ.