ВТОРА ЛИГА: Стружани на гости во Прилеп, Борец домаќин на Бутел

388

Овој викенд, односно в сабота (23 номври)  ќе се одиграат натпреварите од 7. коло во второлигашката конкуренција. 

Прилепскиот Мега баскет на свој терен против Црн Дрим ќе бара враќање на победничките патеки, откако во претходното, 6. коло беше поразен на гостувањето кај Бутел. Избраниците на Голубовиќ имаат половичен учинок (3-3), додека тимот од Струга со уште две екипи, Соколи и Борец баскет, е на делба на лидерското место.

Интересно се очекува да биде и во Велес меѓу Борец баскет и Бутел. Велешани засега добро играат, имаат четири победи, а утрешниот натпревар против довчерашниот третолигаш ќе биде голем импреатив да дојдат до петти триумф.

Ангели против МЗТ Скопје Уни Банка ќе бара рехабилитација за поразот од Соколи. Поранешниот прволигашк со евентуална победа ќе го зголеми бодовното салдо и ќе дојде до 4-ти сезонски триумф. Вториот тим на аеродромци во досегашниот тек од сезоната успеа да победи на три натпревари, славеше против Работнички, Бутел и Маџари, па така може да очекуваме интересен дуел меѓу двете екипи.

Втора лига, 7. коло, распоред:
23/11, 12:00, Академија ФМП – Соколи
23/11, 14:30, Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка
23/11, 18:00, Охрид – Работнички
23/11, 19:00, Мега Баскет – Црн Дрим
23/11, 20:30, Борец – Бутел
23/11, 19:00, Мацари – Водно Санс

ТАБЕЛА: Соколи 11, Борец баскет 11, Црн Дрим 11, Ангели 10, Маџари 9, Мега баскет 9, Охрид 9, Бутел 9, МЗТ Скопје Уни Банка 9, Работнички 7, Партизан Водно Санс 7, Академија ФМП 6

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе