Филип Коцев е гол-машина: Против Алкалоид броеше до 19!

148

Дефинитивно, еден од ракометарите од младинските категории кои го привлекоа вниманието оваа сезона е членот на Пролет, Филип Коцев. Средниот бек на 12 натпревари во кадетската лига има постигнато 118 гола, а на денешниот дуел во Автокоманда имаше фантастично издание.

Во натпревар од 12. коло од кадетската лига, силите ги одмерија екипите на Алкалоид и Пролет, а по големата борба, гостите се радуваа на победа од 37:36 (17:21), со која стигнаа до шестиот сезонски триумф.

Коцев одигра натпревар за паметење, постигнувајќи дури 19 гола и дополнително подобрувајќи го својот голгетерски учинок. Талентираниот среден бек сега има 118 погодоци во кадетската лига, а ако се додадат и 58-те гола во пионерскиот шампионат, доаѓаме до импресивна бројка од вкупно 176 погодоци во досегашниот тек од сезоната.

Со освоените два бода во Автокоманда, Пролет сега има 14 бода на свое конто и се наоѓа многу блиску до обезбедување пласман во плеј-оф сегментот кај кадетите. До крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола, во кои тимот на Пролет ќе се соочи со Еурофарм Пелистер и Прилеп.

ТАБЕЛА, ГРУПА А

12. коло од групата А ќе биде комплетирано со натпреварот меѓу Преспа и Еурофарм Пелистер 2 (29.11, 11:00 часот).

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе