Македонија поразена од Хрватска на претпоследниот тест пред ЕП!

224

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска против Хрватска во рамки од турнирот „Кроација Куп“ одигра лошо и загуби со 26:18. Покрај лошата реализација, денеска свој ден немаа ниту голманките, Мицевска (0/11), Петковска (0/9), а младата Чурлиновска во дадената минутажа успеа да одбрани три удари на противничките.

Хрватска, која не игра во најсилен состав и која е предводена од Ивица Обрван, од самиот старт наметна свое темпо, на полувреме замина со предностод 14:8 и рутински ги одработија вторите 30 минути, во кои немаше поголема промена на теренот.

Македонија утре против репрезентацијата на Србија ќе го има последниот тест пред настапот на Европското првенство 2024.

Ракометарките на Македонија во рамки од групната фаза за ривали ги имаат репрезентациите на Шведска, Унгарија и Турција на континенталниот собир.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе