Македонија со пораз патува на ЕП во Дебрецин

173

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз патува на ЕП, откако загуби и од Србија  на „Кроација Куп“. Нашиот северен сосед славеше со 33:21. Србија доминираше во текот на двете полувремина, на пауза имаше предност од 17:9, a во вториот дел константно водеше со 10 до 11 гола разлика.

Најефикасна  во составот на Македонија беше Андреа Седлоска, левиот бек имаше шест успешни реализации, по три имаа Ива Младеновска, Сара Ристовска и Јована Саздовска.

Европското првенство стартува на 28 ноември, а Македонија првиот натпревар на континенталниот собир ќе го одигра на стартот против Шведска.

Освен со Шведска, ракометарките на Македонија за ривали во групната фаза ги имаат уште репрезентациите Турција и Унгарија, која заедно со Швајцарија и Австрија се ко-организатори на ЕП.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе