Димитријевиќ: Повредата не е сериозна, горд сум на моите соиграчи

188

Кошаркарите на Македонија на гостувањето кај Литванија беа поразени со 94:72 во рамки од 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2025.

Домаќините беа сведоци на „НБА партијата“ на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој не го доигра натпреварот поради повреда.

По завршувањето на натпреварот, Димитријевиќ изјави дека не се работи за сериозна повреда.

,,Можам да кажам дека јас сум горд на моите соиграчи и на овој тим. Одигравме одлично прво полувреме, но во продолжението нѐ надиграа во скоро сите сегменти од играта . Домаќините постигнаа поени од отворени шутеви и имаа голема поддршка од домашната публика, но мислам дека и ние се претставивме во добро светло. Во последниот период доживеав повреда, но мислам дека беше само грч и не се работи за ништо сериозно. Иако постигнав 43 поени, не победивме и затоа не сметам дека ова е најдобар натпревар во мојата кариера”.

 

🎥 Погледнете како „Маестро Нено“ ги излудуваше Литванците

 

Димитријевиќ со НБА шоу на Балтикот, Македонија поразена од Литванија

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе