Екипата на Олимпија Милано, во која настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, во рамки од 12. коло од европската елита славеше на гостувањето во Турција кај актуелниот лидер, тимот на Фенербахче, триумфираше со 85:68. За тимот од Милано ова беше трет последователен триумф и со учинок од 6-6 се наоѓа на средината на табелата, а тимот од Истанбул по серија од шест победи го доживеа третиот сезонски пораз, ист ефект (9-3) има и ПСЖ.
Предводник во победничката екипа беше Никола Миротиќ со 29 поени и девет скока. Во дресот на „манекените“ одлична партија имаше нашиот Нено, кој одигра само 19 минути и натпреварот го заврши како трет стрелец во својот тим, постигна 15 поени и запиша четири асистенции.