Одлична статистика на Сара Ристовска: Десното крило најдобар стрелец на Македонија на ЕП

691

Женската репрезентација на Македонија уште во групната фаза го заврши настапот на Европското првенство 2024, на кое ко-домаќини се Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Турција и Унгарија, а избраничките на Кристијан Грчевски освоија само бод, оној во ремито против Турција.

Најголемиот адут на Македонија на континенталниот собир беше искусната Сара Ристовска, која на сите три натпревари го даваше максимумот и го оставаше срцето на терен. Членката на Рапид Букурешт уште еднаш покажа и потврди дека е меѓу најдобрите десни крила во Европа.

Ристовска настапот на ЕП го заврши како најдобар стрелец во нашата репрезентација, на три одиграни натпревари постигна вкупно 17 гола од 22 обиди, што е 77.3 % реализација. Десното крило, моментално, се наоѓа во ТОП 10 стрелци на континенталниот собир, но бидејќи денеска ќе биде комплетирано 3. коло од групната фаза, за очекување е дека Ристовска ќе падне неколку места подолу.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе