Женската репрезентација на Македонија уште во групната фаза го заврши настапот на Европското првенство 2024, на кое ко-домаќини се Унгарија, Швајцарија и Австрија. Нашата репрезентација беше во група со Шведска, Турција и Унгарија, а избраничките на Кристијан Грчевски освоија само бод, оној во ремито против Турција.
Една од најзаслужните за освоениот бод, после 16 години на Европските првенства, беше младата Марија Јанкуловска. Битолчанката на ова ЕП беше една од дебитанките во нашата репрезентација и во дебито на едно големо натпреварување се покажа во одлично светло.
Членката на Металург Автокоманда преку социјалните мрежи ги сподели импресиите по дебито на едно големо натпреварување и истакна дека Македонија има светла иднина.
,,Зборовите не можат да го опишат чувството кога сонот од детството ќе ти стане реалност. Горда на целиот ТИМ и неописиво благодарна на БОГА. Верувам дека оваа екипа има светла иднина”, напиша Јанкуловска.