Женската сениорска репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство на 18. позиција од 24 учесници. Избраничките на Кристијан Грчевски во групната фаза беа поразени од Шведска и Унгарија, додека во натпреварот против Турција дојдоа до реми.
Македонија поради слабиот пласман, беше најслабата третопласирана репрезентација на континенталниот собир, сега ќе биде во вториот шешир пред ждрепката за Светското првенство наредната година, па така познати се можните ривали во бараж дуелите.
Ждрепка за бараж за СП 2025, шешири:
шешир 1: Фарски Острови, Исланд, Чешка, Австрија, Шпанија + шест од овие селекции Словенија, Швајцарија, Норвешка, Данска, Полска, Романија, Шведска, Црна Гора, Унгарија
шешир 2: Македонија, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Литванија, Косово, Израел, Италија
Ждрепката ќе се одржи на 14 декември во Виена со почеток во 13:30 часот. Како што е познато, ИХФ веќе додели вајлд-карта на САД, па ќе и остане уште една на располагање.