Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во преполната „Боро Чурлевски“ ја надигра Висла Плоцк со 21:18 во натпревар од 10. коло од Лигата на шампионите. За пелистерци ова беа два важни бода, со кои ќе бидат многу блиску до пласман во осминафиналето во европската елита. До крајот од групната фаза треба да се одиграат уште четири дуели, сите ќе бидат на програмата во 2025 година.
Пелистерци речиси во најголемиот дел од натпреварот беа во предност, гостите парираа во првиот дел, но во вториот дел никако не можеа да заиграат според посакуваното. Иако Еурофарм Пелистер имаше голема криза, од 35 до 47 минута беше без реализација, сепак, ниту Висла Плоцк не играше најдобро и успеа да постигне само еден гол во ,,црниот период” на домаќините.
Најефикасен во таборот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, одличен меѓу стативите беше Никола Митревски со 11 интервенции.
Еурофарм Пелистер сега има шест бода, тимот на Висла Плоцк два бода помалку – 6, додека на последното место во групата А еФредериција со 3.