Македонија денеска го дознава ривалот за баражот за Мундијалот 2025

251

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го дознае ривалот за баражот за Светското првенство 2025. Македонија на Европското првенство 2024 го освои 18. место, па поради тоа ќе биде во вториот шешир и може да добие тежок ривал.

Во вториот шешир, освен Македонија, се наоѓаат уште репрезентациите на Хрватска, Србија, Турција, Португалија, Украина, Словачка, Косово, Италија, Литванија и Израел.

Можни ривали на нашата репрезентација се Црна Гора, Шведска, Полска, Романија, Словенија, Шпанија, Австрија, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови и Чешка.

Првите натпревари ќе се одиграат на 9/10 април, додека реванш дуелите на 12/13 април, 2025 година.

 

Ждрепката можете да ја гледате на овој ЛИНК.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе