Македонија доби силен ривал во баражот за СП 2025

84

Денеска во Виена беше одржана ждрепката за бараж двојките за Светското првенство 2025 година. Како што е познато, Мундијалот следната година ќе се одржува во Германија и Холандија.

Македонија доби силен ривал во името на Полска, која на Европското првенство 2024 се претстави во добро светло, а победите над Шпанија, Португалија и Романија се само доказ за квалитетот на нашиот ривал.

Првиот натпревар меѓу Полска и Македонија ќе се одигра на на 9/10 април, додека реваншот ќе биде на 12/13 април во Скопје.

Светско првенство 2025, бараж двојки:
Швајцарија – Словачка
Италија – Романија
Полска – Македонија
Шведска – Косово
Словенија – Србија
Португалија – Црна Гора
Фарски Острови – Литванија
Чешка – Украина
Хрватска – Шпанија
Австрија – Турција
Исланд – Израел

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе