Поранешниот репрезентативец на Македонија, Ивица Димчевски, не е повеќе член на прволигашот Феникс. Двете страни по речиси двегодишна соработка решија да се разделат, односно секој да си продолжи по својот пат, па така екипата на Феникс во понатамошниот период ќе остане само со млади кошаркари, повеќето од нив се тинејџери.
Младиот тим од Скопје во досегашниот тек од натпреварувачката сезона на десет одиграни натпревари успеа да триумфира двапати, против Вардар и Гостивар. Натпреварувањето во Првата лига за кошаркарите на Феникс е од големо искуство за нивниот развој, бидејќи како што напоменавме, поголемиот дел од нив се родени по 2000- та година.