Гостивар со стил ја заврши годината

157

Кошаркарите на Гостивар со стил ја завршија годината, откако во 12. коло од прволигашката конкуренција беа убедливи над Вардар, триумфираа со 86:62. Гостивар со денешната победа дојде до 8. позиција, која води до пласман во плеј-оф фазата, но до крајот од регуларниот дел има уште многу да се игра.

Избраниците на Љупчо Малинков победата ја обезбедија уште во првата четвртина, која ја добија со 28:9 и рутински ги одиграа преостанатите 30 минути.

Хавиер Родс и Соколов со по 14 поени беа најрасположени кај Гостивар, додека Бајрам со 18 поени беше најдобар кај поразениот табор.

Прва лига, 12. коло, резултати:
Пелистер – Тиквеш 95:88
Феникс – Работнички 73:71
Куманово – ТФТ 78:59
МЗТ – Шкупи 90:54
Кожуф – Чаир 86:63
Гостивар – Вардар 86:62

Табела: МЗТ 21, Пелистер 21, ТФТ 21, Кожуф 20, Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Гостивар 17, Феникс 16,  Тиквеш 15,  Шкупи 15, Вардар 12

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе