Суперлигашот Куманово повторно се активираше на трансфер пазарот и се пофали со новото, трето засилување од Бразил. Станува збор за репрезентативецот Жоан Виктор Соарес Флорес, кој има 21 година, а Куманово ќе му биде прва интернационална станица во својата кариера.
Младиот кружен напаѓач во Бразил настапуваше за Итаја, Национал и тимот на Праја. Со Итаја имаше одлични резултати и беа вицешампиони во домашниот шампионат. Претходно Куманово се пофали со потписот на Гиљерме Да Силва Фернандес и Џанкарло Фелипе Хен. Во следниот период би требало да има уште неколку засилувања во тимот предводен од Љубиша Димковски.
Куманово по завршувањето на регуларниот дел од суперлигашкото друштво ќе се пресели во плеј-аут фазата и ќе се бори за опстанок. Според новите имиња, но и играчкиот кадар кој го има на располагање, би требало да го задржи суперлигашкиот статус.