Машката репрезентација на Македонија по одработената прва фаза од подготвителниот период немаше многу време за одмор и денеска им се врати на обврските. Вториот дел од подготовките ќе биде одработен во Скопје, потоа на 7 јануари се патува за Хрватска, каде на 8 јануари е закажан тестот со еден од домаќините на Мундијалот.
Во првата фаза од подготовките во Стара Пазова беа забележани две победи над Нови Београд и Динамо Панчево, како и пораз од комбинираниот состав на Србија.
Македонија е во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја, а трите најдобри селекции ќе обезбедат место во главната фаза.