Куманово ангажираше млад пикер

135

Суперлигашот Куманово денеска се пофали со петтото засилување за вториот дел од натпреварувачката сезона 2024/25. Станува збор за младиот кружен напаѓач Стефан Лазаревски, кој ќе има можност да ги покаже своите квалитети во најквалитетното натпреварување во Македонија.

Младиот ракометар (2007 година) во својата кариера  беше дел од младинските категории на Драчево, Будимир, Аеродром, Вардар и Голден Арт каде во својата возрасна категорија бележи одлични настапи и игра на високо ниво на ракометните терени.

Куманово претходно се засили со средниот бек од Хрватска, Лука Матчиќ, како и со тројцата Бразилци – десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, левиот бек Џанкарло Фепипе Хен и кружниот напаѓач  Жоао Виктор Соарес Флорес.

Избраниците на Љубиша Димковски по завршувањето на регуларниот дел од сезоната ќе играат во плеј-аут фазата и ќе се борат да го задржат суперлигашкиот статус.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе