Николовска со камбек во АЕК Атина

49

Македонската интернационалка Марија Николовска реши да се врати во грчкиот суперлигаш АЕК Атина, клуб во кој што ја започна својата интернационална кариера.

Николовска во првиот дел од оваа сезона настапуваше на Косово, поточно за Самадреџа, а сега повторно ќе има можност да игра во најквалитетното натпреварување во Грција.

25-годишната ракометарка, која може да настапува на сите бековски позиции, во домашниот шампионат беше дел од Чаир, Вардар, Ѓорче Петров и Спартак, додека на репрезентативно ниво некоку пати учествуваше на подготовките во сениорската репрезентација.

Со екипите на Самадреџа и Чаир учествуваше во европските натпреварувања, односно во Европскиот Куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе