Машката репрезентација на Македонија последната фаза од подготовките за настап на Светското првенство 2025 ќе ја одработи во Вараждин.
Избраниците на Кире Лазаров утре ќе тестираат против Хрватска, која е еден од ко-организаторите на Мундијалот, потоа на 10 јануари ќе имаат тест со Сесвете, додека последниот пријателски натпревар, оној против Зеленортските Острови, ќе го одиграат на 12 јануари.
Македонија на 15 јануари го стартува настапот на СП против Унгарија, а во групата се уште Холандија и Гвинеја.