„Летачките“ Холанѓани за нијанса подобри од Македонија

321

Машката репрезентација на Македонија во натпревар од 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2025 беше поразена од Холандија с0 37:32. Македонија добро се држеше во првите дваесетина минути, но по црвениот картон на Петар Атанасијевиќ дојде до мала криза, се зголемија техничките грешки, па така избраниците на Олсон на пауза имаа предност од 18:15.

Холандија во вториот дел најчесто водеше со три до четири гола разлика, имаше моменти кога Македонија намалуваше на минус два, но Смитс и колегите никако не дозволуваа да имаа неизвесна завршница, а големо влијание на теренот имаа судиите од Данска, кои ги фаворизираа Холанѓаните, им доделија дури 13 пенали.

Филип Кузмановски беше предводник во нападот на Македонија, постигна девет погодоци, шест имаше Мартин Серафимов, четири запиша Марко Митев.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе