Лазаров кратко и јасно: Ова личеше на сè, само не на еден меч на СП

346

Машката репрезентација на Македонија загуби во второто коло на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка од селекцијата на Холандија со 37-32.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, беше револтиран од делењето на судиската правда од страна на двајцата Данци – Jeспер Хансен и Мадс Хансен, кои имаа повеќе одлуки на штета на Македонија.

,,Секој ден е различен, секој меч е различен. Истиот излезе тотално вон контрола. Личеше на сè, само не на еден натпревар од Светско првенство. Колку и да не сакам да зборам, да се правдам поради нешто, но да имате 12 пенали, мислам дека колку и да е подобар противникот и да дојде до такви ситуации, сепак, 12 пенали еден тим да има и да ги шутне, и да имаме толкав број на исклучувања, тешко како тренер, да го водите тимот”, изјави Лазаров.

Следен предизвик за Македонија ќе биде натпреварот со Гвинеја во рамки од последното коло од групната фаза на СП.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе