Македонија со рутинска победа го завери пласманот во главната фаза на СП

158

Машката репрезентација на Македонија со убедливиот триумф над Гвинеја од 29:20 си го завери пласманот во главната фаза на Мундијалот. Избраниците на Кире Лазаров во главната фаза ќе играат против Франција, Австрија и Катар на Веселин Вујовиќ.

Африканската селекција на денешниот натпревар парираше дваесетина минути, потоа се мина во знакот на Македонија, која на пауза замина со предност од 14:10 и одлично одработи во вториот дел.

Предводник кај Македонија повторно беше Филип Кузмановски со 12 погодоци, а голманот Марко Кизиќ беше солиден меѓу стативите, натпреварот го заврши со 14 интервенции.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе