Мечот против Катар е клучен за Македонија за добар пласман на СП

142

Машката репрезентација на Македонија денеска ќе има нов предизвик на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.

Македонија во рамки од 2. коло од главната фаза ќе се соочи со Катар, кој во првото коло беше поразен од Холандија, додека избраниците на Кире Лазаров освоија бод против Австрија.

Денешниот натпревар за Македонија е од големо значење, со евентуална победа ќе има големи шанси за добар пласман на Мундијалот.

Селекторот Кире Лазаров очекува уште еден неизвесен натпревар.

,,Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Нè очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо ниво. Ќе видиме дали тоа ќе биде доволно за позитивен резултат”, изјави Лазаров.

Натпреварот меѓу Македонија и Катар е на програмата од 15:30 часот.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе