Митев, Крстевски и Николовски се дружеа и учеа од Врањеш, Линдберг, Морос…

265

Тројца ракометари од кадетската репрезентација на Македонија, кои настапија на Европското кадетско првенство во Црна Гора минатата година, учествуваа на кампот „Почитувај го својот талент“ во Виена. На кампот присуствуваа 30 таленти, а меѓу нив беа и големите надежи на македонскиот ракомет – Дамјан Митев, Мартин Крстевски и Ѓорѓи Николовски.

Младите ракометари имаа можност да работат заедно со добро познатите имиња на светскиот ракомет. Во австриската престолнина беа присутни Ханс Линдберг, Вид Кавтичник, Виран Морос , Карлос Прието и Љубомир Врањеш, сите споделуваа искуства од нивните кариера.

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе