КОНЕЧНО: Битола ќе биде домаќин на репрезентативен натпревар

60

По пауза од речиси седум години, градот на ,,конзулите” ќе биде домаќин на натпревар од репрезентативен карактер. Откако на 25 октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, сега Битола ќе ја пречека и женската репрезентација.

Ракометарките на Македонија на 12 април во спортската сала „Боро Чурлевски“ против Полска ќе го одиграат реванш дуелот од баражот за пласман на Светското првенство во Холандија и Германија. Како што е познато, Македонија последното учество на Мундијалите го имаше во Франција (2007). Се очекува избраничките на Кристијан Грчевски да имаат голема поддршка од битолчани.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе