Репрезентацијата на Хрватска утре во Осло ќе се бори за златото на Светското првенство 2025. Хрватите до пласманот во финалето стигнаа со одличната игра против Франција, додека актуелниот светски првак немаше проблеми на полуфиналето со Португалија.
Некогашниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар, во разговор за Спортклуб истакна дека е голем оптимист за финалниот дуел.
,,Мислам дека го имаме златото в раце, бидејќи покажавме дека имаме одбрана и систем, а одбраната во ракометот е најважна работа. Ја видовме Франција, која е составена од врвни играчи, како беше беспомошна…Знаете дека одбраната води до транзиција и тоа го покажавме. Јас сум оптимист одиме силно, скромно и самоуверено, затоа мислам дека ги имаме сите можности да победиме”, изјави Червар.
Утрешното финале меѓу Хрватска и Данска е на програмата од 18:00 часот.